Автомобилски делови за вашиот следен километар
Назад кон блог

Сторици залепени браници и илјадници денови искуство со браниците – нашата приказна

Кога ќе поминеш 20 години со рацете во браници,
кога ќе залепиш стотици пукнати пластики,
кога ќе ги гледаш браниците како лекари што го гледаат срцето –
тогаш знаеш што зборуваш.

Ова не е само бизнис. Ова е страст, занает и искуство што вреди злато.
А токму тоа ти го нудиме на Branici.mk – место каде знаеме што продаваме.


Од пукнат браник до уметничко дело

Секој браник што ќе стигне кај нас има своја приказна:

  • Удар на паркинг
  • Криво завртен волан
  • Или обичен камен на автопат

Ама наместо да го фрлиме, ние го спасуваме.
Со пластичен завар, армирање, шмирглање и враќање во живот.

Некои браници издржале и пад од 3 метри по наша поправка!
Тоа не е случајност. Тоа е занает и рака со искуство.


Што значи „илјадници денови искуство“?

  • Над 3.000 браници поправени со пластично заварување
  • Над 2 децении во сервис, без шема, без лага
  • Безброј видови пластика, безброј решени случаи

Од Golf 4 до BMW X5, од Audi до Opel, сме ги виделе сите.
Секој браник за нас е нов предизвик – и шанса да покажеме мајсторлук.


Branici.mk – од искуство до онлајн продажба

Нашето искуство сега го пренесуваме во онлајн светот:

  • Секој браник што го продаваме е проверен со око и рака
  • Секој опис е реален, секоја фотографија – наша
  • Не продаваме фантазии, туку решенија

На branici.mk ќе најдеш:

  • Половни браници во одлична состојба
  • Нови реплика браници
  • Помош и совет од луѓе што знаат што значи „пукнатина под магленка“

Зошто да ни веруваш?

Затоа што не сме само трговци – сме занаетчии.
Затоа што знаеме како изгледа пукнатина од судир, а не од монтажа.
Затоа што секој браник го проверуваме како да е за нашата кола.


Сторици залепени браници,
илјадници денови мака,
и еден сајт што ќе ти најде вистинскиот дел – тоа е Branici.mk.