Купувањето половни автоделови преку огласници како Pazar3 и Reklama5 е сè почеста пракса меѓу возачите во Македонија. Најчесто се бараат делови како браници, кои се меѓу првите оштетени при сообраќајни незгоди. Но пред да купите, важно е да обрнете внимание на неколку клучни детали за да избегнете дополнителни трошоци или несоодветен производ.
1. Проверете ја точната марка, модел и година на возилото
Браниците можат визуелно да изгледаат исто, но дури и мала разлика во годината или подмоделот може да значи дека нема да одговараат. Секогаш барајте браник точно за вашиот модел.
2. Побарајте оригинални слики од делот
Избегнувајте огласи со „пример слики“. Побарајте фотографии од вистинскиот браник од различни агли. Важно е да го видите оштетувањето (ако има), носачите, бојата и состојбата на лакот.Понекогаш мало оштетување од 1 cm може битно да влијае на лежењето на браникот.
3. Прашајте дали е оригинал или копија
Оригиналните (OEM) браници имаат повисок квалитет и подобро се вклопуваат. Ако продавачот нуди копија, прашајте за производителот – некои копии се значително послаби по квалитет.
4. Проверете ги носачите и местата за монтажа
И браникот да изгледа цел, ако носачите се скршени или поправани, тоа ќе влијае на монтажата и стабилноста. Прашајте дали браникот е „шраф-на-шраф“ или треба интервенција.
5. Договорете лична средба ако е можно
Секогаш е подобро да го видите браникот во живо. Ако сте од друг град и ви го праќаат по карго, побарајте детални слики и можност за враќање доколку не одговара.
6. Не заборавајте на цената
Цените варираат – евтин браник може да значи скриени оштетувања, а премногу скап не е секогаш оправдан. Споредете неколку понуди и проверете дали цената е реална.
7. Внимавајте на продавачи со сомнителен профил
Ако профилот на продавачот е нов, нема коментари или поставува повеќе различни типови огласи, бидете внимателни. Добро е да купувате од продавачи со добри рецензии или препораки.
Заклучок
Купувањето браник преку Pazar3 или Reklama5 може да биде исплатливо решение, но само ако внимавате на деталите. Одвојте време за проверка, поставете ги вистинските прашања и не се водете само по најниската цена. Така ќе си заштедите пари и нерви.
Ако ти треба дополнителна помош можеш да не побараш за совет
